ПроКредит Банка – прва институција во Македонија која ќе вози електрични автомобили

44

DSC_0488

Пет електрични автомобили од марката Фолксваген модел Е-АП, што значи Комплетно електрично, кои не ја загадуваат животната средина, пристигаат во Скопје во текот на месец јули за потребите на ПроКредит Банка. Одлуката за воведување на електрични возила се дел од големата регионална иницијатива за здрава средина на ПроКредит Банките во Југоисточна Европа, во рамките на која беа набавени вкупно 50 возила на електрично полнење. Во текот на месец април и мај бесплатно беа поделени и половина милион платнени торбички, а воедно беше спроведена голема кампања за едукација на граѓаните против употреба на пластика.

DSC_0492

“Комплетно сме посветени на здрава и чиста околина и сме во чекор со современите трендови во технологијата. Ќе стигнеме до клиентите брзо и ефикасно и без употреба на гориво. Нашиот возен парк сега се обновува со електрични возила за урбана средина и со хибридни возила за подалечни дестинации. Во Централната Управа инсталиравме четири станици за напојување со 230 V, но во нашата нова Управна зграда која е во фаза на изградба овие возила ќе се напојуваат со струја од соларни панели”, изјави Емилија Спировска, член на Управниот Одбор на ПроКредит Банка Македонија.

Социјалната одговорност на ПроКредит Банка не се концентрира само на една акција годишно, туку е култура внатре и надвор. ПроКредит Банка има воспоставено високи внатрешни стандарди и посебен сектор во банката за енергетска ефикасност и заштита на природата.

“Имаме висока еколошка свест – ветување за сегашните и идни генерации, свест на која инсистираме и кај вработените и кај клиентите”, додаде Спировска.

ПроКредит Банка е една од најактивните институции во Македонија во областа на заштита на животната средина.