ПроКредит Банка со нова филијала во Солун

17

8bb96599-1a48-4238-91d2-7e79a1da0d82

Со филијала во Солун се комплетира присуството на ПроКредит Банките во соседството и отсега ПроКредит Банка е присутна во 11 земји во европскиот регион. За македонските бизниси и население кои соработуваат со партнери од Р. Грција, присуството на ПроКредит во Солун има големи придобивки кон соработката и трговски релации: најбрзи и најповолни дознаки и приливи, најповолно повлекување на пари од банкоматите во филијалата 24/7, можност за вмрежување, крос бордер финансирање и можност за меѓународен финансиски лимит во рамки на Групацијата.

Во рамките на отворањето на ПроКредит Банка во Солун на 9 мај годинава, се реализираше бизнис со бизнис средба за клиентите од сите земји каде е присутна ПроКредит Банка и во присуство на највисоките претставници на ПроКредит Холдинг, Германија, како и високи претставници на европските тела: Димитрис Аврамопулос, европски комесар за внатрешни работи, Ханс Јоаким Фухтел, државен секретар при Министерството за економски развој на Р. Германија и Константинос Михалос, претседател на Унијата на грчките стопански комори на Р. Грција.

Повеќе од 750 бизнис клиенти на ПроКредит банките во групацијата беа присутни на настанот и имаа можност да реализираат до 7 состаноци во еден ден и да запознаат потенцијални партнери за соработка од сите земји каде ПроКредит Банка има свое претставништво. Меѓу нив беа и педесет бизнисмени, клиенти на ПроКредит Македонија, кои остварија успешни состаноци и добија информација од прва рака за бизнис можностите во Европа.