ПроКредит Банка со ново работно време – банкарска услуга прилагодена на потребите на физичките лица

20

zona

Со цел поголема достапност за клиентите, ПроКредит Банка од 1 декември, го адаптира работното време на сите свои експозитури. Советниците за клиенти на банката ќе бидат достапни за клиентите во период од 09.00 до 17.00 часот секој работен ден, а сите оние кои работат до подоцните часови ќе може да ја посетат и експозитурата во Карпош, дел од Централата на банката, во период од 08.00 до 19.00 од понеделник до петок.

ПроКредит Банка располага со најсовремена мрежа на експозитури низ цела Македонија со интегрирана Зона 24/7 на сите свои локации кои овозможуваат достапна, безбедна и брза услуга во секое време, во неработни денови, празници и викенди. Во рамки на Зона 24/7, клиентите на ПроКредит имаат пристап до уникатни електронски услуги: дополнување на тековни и штедни сметки преку банкомат и тоа во следниве валути: денари, евра и долари, процесирање електронски налози преку инфо терминал и директно поврзување со контакт центарот на банката.

ПроКредит е првата автоматизирана банка во Македонија која нуди електронски готовински и безготовиснки трансакции и се фокусира на професионална и советодавна услуга за физички лица и нуди одлични услови за банкарско работење согласно потребите на клиентите.