ПроКредит Банка со платформа за развој и поддршка за нови бизнис партнерства во регионот

62

pc1

ПроКредит Банка во рамки на својата развојно ориентирана мисија, на македонските бизниси со кои соработува, покрај финансиска услуга им нуди и дополнителна можност за развој на нови регионални бизнис можности и партнерства. Клиентите кои соработуваат со ПроКредит Банка имаат можност да остварат деловна соработка со бизниси од интерес преку серија на регионални бизнис средби помеѓу клиенти на ПроКредит банките во рамки на својата меѓународна групација. ПроКредит за бизнисите кои функционираат регионално нуди прилагодена услуга која ја олеснува работата со регионалните партнери и го поддржува отворањето на претставништва на македонски бизниси во регионот.

Ваквите можности и финансиската услуга за поддршка на бизнисите беа дискутирани на регионалната средба во Приштина, помеѓу бизниси од Македонија, Албанија и Косово. Настанот беше организиран од ПроКредит банките од  Македонија, Албанија и Косово, како дел од стратегијата за поддршка на развојот на локалните бизниси од трите земји.

На истиот присуствуваа над 100 компании кои се занимаваат со производство, преработка или трговија на прехранбени производи, како и комплементарни бизниси како супермаркети, дилери на машини, пакување и сл. Преку оваа средба ПроКредит Банка им даде на своите клиенти можност да ги промовираат своите производи пред бизнисите од регионот и да запознаат нови партнери.

pc2

“За овој настан и за сите бенефити кои ги црпиме од него, можам само да ја пофалам Прокредит банка. Поврзувањето е во интерес на развојот на нашиот бизнис и ова е една добра можност за да се запознаеме, да почнеме да соработуваме и на крај да направиме конкретни резултати. Денес благодарение на овој настан остварив неколку средби со компании заинтересирани за пласман на моите производи на пазарите во Косово и Албанија, а истовремено најдов луѓе кои можат да ми помогнат со нивни производи во мојот бизнис на малопродажба во Македонија. Овој настан е доказ дека на Балканот има повеќе од доволно пазар, но под услов бизнисмените да знаат да го видат и искористат”, изјави Абедин Мурати, Мољика, големопродажба и малопродажба на прехранбени призводи од Тетово.

Претставници на Управните одбори на трите банки изјавија дека ПроКредит како специјализирана бизнис банка со силно регионално присуство има посебно развиена услуга погодна за фирми кои извезуваат, се во постојана активна потрага по нови партнерства, имаат или планираат да отворат свои претставништва во регионот. ПроКредит може да им понуди многу побрзи и поевтини трансфери, регионално финансирање на сите свои претставништва од една банка и пристап до бизнис контакти.

“Овие настани ги организираме за поддршка на локалните бизниси. ПроКредит Банка како активен поддржувач на бизнисите покрај финансиска поддршка, инвестира во нивна промоција и развој. На бизнисите кои учествуваа на овој настан им овозможивме да запознаат нови партнери, да пронајдат нови пазари за своите производи и да го прошират своето работење во регионот. Услугата од ПроКредит Банка за ваквите бизниси е прилагодена да го поддржи нивниот регионален развој. Односот меѓу бизнисите е значаен за развојот на нашата економија и ваквите настани ќе продолжиме да ги организираме”, изјави Емилја Спировска, член на Управен одбор на ПроКредит Банка Македонија.

Вакви регионални средби од различни индустрии кои имаат потенцијал за регионална соработка ќе следат помеѓу бизниси во кои работи ПроКредит Банка – Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија.