ПроКредит Банка со работно време 24/7, брза и ефикасна услуга и пониски провизии за македонските бизниси и граѓани

5

prokredit 1

ПроКредит Банка денеска го претстави новиот концепт на банкарска услуга – Зона 24/7. Во бизнис експозитурата на Банката во Автокоманда беа претставени новите автомати и функционалности според најсовремена технологија во банкарството во Европа, кои во Македонија се имплементирани за прв пат од страна на оваа германска банка.

Оваа технологија нуди различни можности за уплата и исплата на готовина во денари. Денеска за прв пат во Македонија беше овозможена опцијата за уплата и исплата на евра на трансакциска и штедна сметка преку автомат.

prokredit 2

ПроКредит е првата и засега единствена банка која нуди услуга со работно време 24 часа, 7 дена во неделата и располага со ваква современа технологија.

“Како германска банка специјализирана за претпријатија, за прв пат во Македонија воведовме технологија која нуди значајни придобивки за клиентите: достапност на банкарската услуга 24/7, заштеда на времето кое клиентите го трошеа за извршување на услугите и пониски трошоци за провизии. Сега клиентите секоја услуга ја извршуваат за 2 минути, провизиите на автомат се 0 во секое време и самите одбираат кога ќе ја посетат банката. Услугата им е достапна насекаде низ Македонија”, изјави Емилија Спировска, Член на Управниот Одбор на ПроКредит Банка.

Германската Амбасадорка Др. Кристине Алтхаузер изрази задоволство што германска банка е лидер во иновации во македонскиот банкарски систем. Направи паралела помеѓу Македонија и Германија: “Ова што го претставува ПроКредит денес е истото она што можам да го видам во банките во Германија. ПроКредит навистина понуди значаен напредок во банкарската технологија и услугите за клиентите. Бизнисите во Германија за работа со готовина најчесто користат автомати. 47% од плаќањата во Германија се направени безготовински, а секој втор Германец работи преку електронско банкарство”.

prokredit 3

Банката засега располага со 3 типа на автомати со различни функсионалности, а во иднина најавуваат дополнителни. Најкористен е банкоматот за уплата и исплата. Зоната 24/7 најмногу ја користат бизниси кои се занимаваат со трговија – супермаркети, продавници, дрогерии, книжари, транспортни компании, ресторани и други услужни дејности и професионалци со динамично работно време и обврски, кои сакаат да си завршат работа во банка по своето работно време или за викенд.

До сега над 27% од направените трансакциите на банкоматите за уплата се по 16.00 часот. Од банката велат дека овој процент постојано расте, што потврдува дека клиентите ја препознаваат придобивката од неограниченото работно време на банката.

Зоните се достапни во речиси сите експозитури на ПроКредит Банка, на 20 локации во Скопје и Македонија.