ПроКредит Банка воведува сет банкарски услуги со повеќе придобивки за клиентите

23

 

prokredit-banka

ПроКредит Банка, од први март оваа година, воведува Сет банкарски услуги, што на клиентите им нуди професионална банкарска услуга и голем број придобивки за сите физички лица кои соработуваат со банката, стои во соопштението.

Клиентите ќе добијат советодавна услуга од личен советник на клиенти, банкарски услуги прилагодени на нивните потреби и 24/7 банка преку Зона 24/7 и електронско банкарство.

Со Сетот банкарски услуги клиентите добиваат :

  • Отворање и одржување на трансакциски сметки во сите валути што им се потребни
  • Една или повеќе дебитни (интернационални) картички со кои ќе може да плаќаат во земјата и странство, како и да вршат уплати и исплати на своите трансакциски и штедни сметки во денари и евра
  • Виза Интернет картичка со која може да се процесираат сигурни и безбедни плаќа на интернет
  • СМС нотификација за сите трансакции и плаќања над 500 денари
  • Сертификат и тековно одржување на електронско банкарство

Дополнителна придобивка што ја имаат клиенти е плаќања во земјата во денари без провизија за налози процесирани преку е – банкарство. Сите плаќања за: комуналии, трансфери во ПроКредит Банка и трансфери во други банки ќе бидат процесирани со нула денари провизија. На овој начин клиентите ќе заштедат многу време и пари. Чекањето на ред во институциите за комуналии ќе се заменат со еден клик на компјутерот во нивниот дом, а провизијата за секој засебен налог ќе ја употребат за сопствени уживања и задоволства.

Преку автоматизираните услуги во Зона 24/7 клиентите ќе може во секое време да депонираат или повлекуваат пари од своите сметки во денари и евра, како и континуирано да ги акумулираат своите заштеди на нивната штедна сметка преку банкоматите.

Сите услуги и плаќања во денари во земјата без провизија им се достапни на клиентите за само 120 денари месечна провизија. Провизијата ќе се наплатува на крајот од секој календарски месец.

Потребна е апликација за секоја услуга во рамки на сетот банкарски услуги.