ПроКредит ги награди најиновативните агро бизниси

157

1

Во организација на ПроКредит Банка, вчера се одржа Агро Бизнис Форумот, на кој присуствуваа над 200 претприемачи од агро бизнисот во Македонија – земјоделски производители, претпријатија од прехранбено преработувачката дејност, откупни центри, добавувачи на опрема, механизација и иновативни системи во земјоделието. Настанот ги обедини сите клучни институции и организации во агро бизнис секторот. Присуствуваа Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г. Михаил Цветков, клучните лица на мисијата на УСАИД за развој на агро бизнисот, претавник на една од најголемите земјоделски кооперативи од Србија и бројни успешни македонски компании од агро бизнисот.

Пораката беше едногласна – македонскиот агро бизнис има голем потенцијал. За искористување на истиот потребно е постојано вложување во модернизација, иновации и знаење.

“Како организатори сме среќни што овоj настан преминува во традиција. Бројот на присутни ни потврдува дека токму овој настан е корисна платформа на која се споделуваат искуства за она што е модерно и успешно во агро бизнисот преку домашни примери,примери од нашето соседство, па и од странство. Вака се поттикнуваат инвестиции и се делува заеднички за создавање на успешни македонски производи и брендови дома и во странство. Токму инвестициите во иновации и знање се иднината за постигнување на поголема конкурентност, поголем принос, поквалитетен производ и подобра продажна цена на истиот. Ние како специјализирана банка за овој сегмент ќе продолжиме да бидеме активни поддржувачи на македонските агро бизниси”, изјави Емилија Спировска, Член на Управниот Одбор на ПроКредит.

4

Министерот за зeмјоделство, шумарство и водостопанство г. Михаил Цветков ја поздрави иницијативата на ПроКредит и порача дека банките и Министерството треба да работат заедно. Обраќање имаа и Џејмс Стајн, директор на Мисијата на УСАИД и г. Маријан Давчиќ, претставник на една од најголемите задруги во Србија, Вочко, кој според сопственото искуство потврди дека здружено полесно се прават инвестиции. Кооперациите се клучна предност за поголема конкурентност.

Присутните потврдија дека им недостасуваат форми и начини на вмрежување, пристап до информации за нови технологии и форми на производство, практични искуства од кои може побрзо да се имплементираат иновации.

На настанот беа наградени иновативни практики спроведени од македонските бизниси.

Компанијата ЕКО ГРУП ДОО беше наградена за иновативност во одгледувањето на органско овошје и зеленчук, развој на органски бренд на готов производ и грижа кон животната средина преку своите бизнис пракики.

Станува збор за една од најголемите фирми во Македонија од оваа дејност. Започнува со работа во 2006 година најпрво како консултанска фирма за одгледување и преработка на органски производи и заштита на животна средина, за подоцна и самата да започне со преработка и производство на органски земјоделски производи (зеленчук и овошје). Имаат сопствен погон за преработка и производствен асортиман на повеќе од 50 производи како што се зимници и традиционални специјалитети, џемови и мармалади, нектари и природни сокови, мед и пчелни производи и сл. Постојано вложување во нова и иновативна опрема го прави овој клиент чекор пред другите како во однос на намалување на сопствените трошоци за производство, така и во заштеда на времето за производство. Своите производи ги пласираат во поголемите маркети низ Македонија, како и во странство (Бугарија, Франција, Хрватска и Канада).

“Главниот предизвик за развој на органското производство е недостатокот на знаење за технологијата на производство и изнаоѓање на начини кои ќе овозможат конкурентно производство по цени што се прифатливи за потрошувачите. За жал, има голем недостаток на можности за едукација на персоналот и производителите локално. Пред почетокот на производсвото посветивме време на анализи и истражување, иновиравме специјална технологија на производство која користи обновливи извори на енергија и притоа ги направи нашите процеси поефикасни. Jа поздравувам иницијативата на ПроКредит за постојаниот поттик на споделување информации, новости и размена на искуства во агро бизнисот”, изјави г-ѓа Аница Андреева, претставник на ЕКО-ГРУП.

5

Компанијата БАЏО П-Т ДОО беше наградена за иновативност во одгледувањето на раноградинарски зеленук под стакленици со техника хидропоника и успешен пласман на странски пазари. Оваа технологија е единствена во Македонија и на Балканот.

БАЏО П-Т ДОО е единствениот производител на ранорадинарски производи во Македонија кој благодарение на иновативна технологија е во можност да произведе, на пример домати, во текот на целата година. Станува збор за агро бизнис кој единствен во Македонија ја користи т.н. технологија со хидропоника. Со површина од над 13 ха, овој бизнис е еден од најголемите извозници на раноградинарски производи во Србија, Турција, Русија, Украина, Полска, Чешка, Хрватска, Словенија, Латвија. Како резултат на иновативноста овој бизнис успева да обезбеди значајна конкурентост во меѓународните ланци на супермаркети како Кауфланд и Лидл каде ги продава своите производи.

“Во ПроКредит најдов повеќе од финансиска услуга. За нас секоја информација, споделено искуство, остварен контакт е клучена придобивка за бизнисот. Постојаното следење на трендовите нè донесе до нашата иновативна инвестиција – одгледување на раноградинарски зеленук под стакленици со техника хидропоника, кој е еден од клучните фактори за наш успешен пласман на странските пазари. Ништо не се постигнува ако седиме затворени – патот до успех се светските саеми, светските пракси и градење на меѓународни контакти”, изјави Васил Шапкарев, сопственик на Баџо П-Т.

2Компанијата Бониер ДООЕЛ беше наградена за корисење на иновативна техника за ефикасно сеење, ѓубрење и прскање на земјоделски поседи со авиони кои го прави на сопствените површини со житни култури и лозови насади, а истото како услуга го нуди и на здружени индивидуални земјоделци. Ова е значаен придонес кон здружување и окрупнување на земјоделието во Македонија.

“Придобивките од користењето на нашите услуги се: брзо и ефикасно сеење, ѓубрење и прскање на земјоделските поседи со авиони, поголем дневен учинок, особено кај поголеми површини, рамномерно нанесување на потребниот материјал, нема газење на земјоделските посеви, како и сеење, ѓубрење или прскање на непристапен терен…“, изјави Никола Петковски, директор на Бониер.

Компанијата КОРО КОМПАНИ ДООЕЛ  беше наградена како модерен бизнис којшто покажал развој на препознатлив македонски производ – чаеви, зачини и оцети, развој на бренд и извозни стратегии на повеќе од дванаесет странски пазари.

Овој македонски производител извезува во Србија, Црна Гора, Босна, Бугарија, Хрватска, Грција, Швајцарија, Австрија, Англија, па дури и Јапонија, Австралија и Канада.

“Што е клучно за да се развива бренд? Прашањето е широко и би можел да зборувам цел ден. Пред сè клучен фактор е квалитетот и уште повеќе континуитетот во квалитетот на производите – убавината почнува да се покажува од внатре. Доколку ја имаме на располагање и најквалитетната амбалажа, со најсовремен дизајн – а внатре во пакувањето имаме производ со скромно или ниско ниво на квалитет, можеме да добиеме само краткорочен успех и реализација, која не може да обезбеди континуиран раст и развој на една компанија. Долгорочни резултати не можат да се постигнат преку ноќ. Инвестирање во знаење е континуиран процес и сите треба да бидеме свесни дека токму тоа се области кои сите некако ги забоколуваме, а се суштински. Спремноста за спроведување на процесот на континуирано секојдневно учење е еден од клучните фактори за успехот”, изјави Виктор Коловски, сопственик на КОРО компани.

На наградените претприемачи ПроКредит им овозможува деловно патување во странство за посета на модерен агро бизнис од нивната бранша, каде ќе имаат можност да ги погледнат најновите трендови во агро бизнисот и да оставарат бизнис контакти за меѓународна соработка.

ПроКредит Банка верува дека на ваков начин даваат дополнителен придонес кон поттикнување и поддршка на развојот на агро бизнисот како една од најпотенцијалните гранки во македонската економија.

ПроКредит Банка е лидер во финансиската поддршка за агро бизнис секторот и единствена банка која го опслужува со специјализиран фокус и кадар.