Пролетен Веро вино фест по трет пат

44

Веро вино фест, што се одржува по трет пат, официјално ќе биде отворен на седми мај на отворениот паркинг простор пред Веро-центарот, а ќе трае до 11-ти мај.

Првите два дена програмата е планирана да почне во 17 часот и ќе трае сè до еден после полноќ, додека од петок забавата се поместува еден час подоцна т.е започнува во 18 часот и ќе трае сè од два по полноќ.

“И овој пролетен Веро вино-фест го подготвуваме со особено задоволство бидејќи во најубавиот месец од годината славиме еден од најомилените пијалоци, виното, бидејќи како што велат, пивото е создадено од луѓето, но виното го направиле боговите… Затоа и оваа година ги поканивме најдобрите македонски винарници за сите заедно да ги вкусиме врвните вина од домашните чудотворци, да уживаме во храна направена од вешти раце, а како дигестив се некои од најдобрите музички имиња. Ги поканувам сите љубители на добрата музика и на фината капка заедно го славиме животот, старите пријателства, среќните времиња, убавите манири, фантастичната музика и вкусната храна”, изјави Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро.

На музичкиот дел од програмата се очекува да настапат: Тамбураши, Сара Мејс, Чалгии, Митан Проџект, Дани Димитровска, Жаре Бербер, М.В.П. Србија, Ајдарет, Ристо Џипси Џез, Тумбао Салса и многу други.

Влезот за сите посетители и годинава е бесплатен.