Пролетно освежување во Вип Постпејд понудата – комуникација без ограничување и телефон за 0 денари

68

vip

Оваа пролет, Вип ја освежува својата постпејд понуда со одлични постпејд тарифи за слободна и неограничена комуникација за своите корисници и можност да одберат телефон за 0 денари.

Постпејд тарифниот модел Vip Free Basic им овозможува на корисниците за 479 денари месечна претплата да зборуваат неограничено во мрежата на Вип, како и дополнителни 200 минути за разговори кон другите национални мрежи и 100MB интернет сообраќај.

За корисниците кои не сакаат да се ограничуваат на мрежата со која комуницираат, одличен избор е надградената Vip Free Special која им обезбедува неограничени минути за разговори кон сите мрежи, неограничен број на СМС пораки кон сите мрежи, 2 GB интернет со 4G LTE брзини на најголемата 4G LTE мрежа и 50 меѓународни СМС пораки, вклучени во месечната претплата која изнесува 699 денари.

Vip Free Advanced пак, е тарифен модел наменет за корисниците кои покрај неограничената комуникација кон сите мрежи, имаат потреба од повеќе 4G LTE интернет, СМС пораки и минути кон меѓународни дестинации. Истиот вклучува 50 СМС пораки и 50 минути за меѓународни разговори (земји од Зона 1/2/3/4/5) и 5 GB 4G LTE интернет за месечна претплата од 1199 денари.

Во исто време, корисниците можат да одберат и одличен паметен телефон за 0 денари, како ZTE Kis II Maxсо Vip Free Basic, Samsung Galaxy Trend 2 со Vip Free Special или Sony Xperia M2 Aqua со Vip Free Advanced, со договор на 24 месеци.

“Она што нас нè прави препознатливи уште од почетокот на нашето работење на македонскиот пазар е нашата способност да им понудиме на корисниците повеќе вредност за нивните пари. Така е и овој пат, со понудата на овие едноставни тарифни модели, со која на корисниците им нудиме одлична можност брзо, едноставно и транспарентно да ја одберат опцијата која ним најмногу им одговара кога станува збор за неограничена комуникација и во исто време да добијат паметен телефон како подарок”, изјави Гернот Раш, главен маркетинг директор на Вип.

Овие тарифни модели се достапни и во верзија само со СИМ картичка, без договорна обврска и со пониска месечна претплата. Сите тарифни модели можат да се купат и во интернет продавницата на Вип на брз и едноставен начин. Повеќе информации за оваа понуда корисниците можат да добијат со јавување во контакт центарот на Вип на 077 1234 или на веб страницата на Вип www.vip.mk.