Промени во органите на управување: АЛТА банка АД Битола доби нов Надзорен одбор

АЛТА банка АД Битола ја информираше јавноста и инвеститорите за нови измени во органите на управување и надзор, согласно Глава 6 од Правилата за котација на Македонската берза.

По добиените решенија и согласности од Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија на 19 март 2026 година, официјално се именувани новите членови на Надзорниот одбор на банката со мандат од четири години.

Новиот состав на Надзорниот одбор го сочинуваат:

  • Давор Мацура – член

  • Уна Сикимиќ – член

  • Татјана Куљак – член

  • Вељко Мијушковиќ – независен член

  • Горан Коевски – независен член

Од банката појаснуваат дека со стапувањето во сила на решенијата за именување на новите членови, автоматски им престанува мандатот на досегашните членови на Надзорниот одбор.