Прометот и трансакциите на берза оваа недела “во црвено“

48

Вкупниот промет на Македонска берза, во периодот од 13-ти до 16-ти овој месец, се позиционираше на 2.221.335 евра, што е за 17,03% помалку во однос на претходната недела, покажува Неделниот преглед на берзата.

Пад од 34% има кај вкупниот број на трансакции (479). Пазарната капитализација достигна вредност од 3.099.548.395 евра, што претставува скок од 1,51% во споредба со минатата недела. Пазарната капитализација на затворање на берзата денеска беше 1.713.905.821 евра, што е 2,85% пораст на месечно ниво. Индексот МБИ 10 денеска се позиционираше на ниво од 4.043,01 поен или 0,45% пораст во споредба со претходната недела.

Најтргувани акции во неделата што изминува, а е пократка за еден неработен ден, се оние на Комерцијална банка, Алкалоид, Макпетрол, НЛБ Банка и Гранит.

Фото: Pixabay