Прометот на берза во септември се “раздвижи“ за над 117%

133

Прометот на Македонска берза во септември се позиционираше на 731.880.458 денари, што е скок од 117,71% во однос на претходниот месец, покажуваат податоците од Месечниот статистички билтен.

Пораст од 3,09% има и кај пазарната капитализација, којашто во септември, достигна вредност од 180.368.501.340 денари. Во текот на минатиот месец се реализирани 1.885 трансакции, што е за 27,88% повеќе во однос на август. Индексот МБИ 10 достигн 4.328,09 поени или 7,96% повеќе во споредба со август.

Три најтргувани акции на официјалниот пазар на берзата се оние на: Комерцијална банка (21,64% учество во прометот), Макпетрол (17,42% учество во прометот) и Алкалоид (15,15% учество во прометот).

Акции што забележаа најголем пораст на официјалниот пазар се акциите на: Пекабеско (24,40%), Макпетрол (15,22%), РЖ Техничка контрола (14,04%), Гранит Скопје (13,79%) и Алкалоид (13,25%).

Најголем пад во текот на август имаа: ЗК Пелагонија Битола (-11,13%), Хотели Метропол Охрид (-4,84%), ТТК Банка (-4,67%), Макошпед (-3,85%) и Славеј (-3%).

Фото: Pixabay