Прометот во индустријата лани во ноември зголемен за 10,9%

13

Прометот во индустријата во ноември минатата година, во однос на истиот период во 2014 година, е зголемен за 10,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во ноември 2015, во однос на ноември 2014 година, бележи пораст од 4,2%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 12,7%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, бележи пораст од 13,5%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10,9%.

Според главните индустриски групи, прометот во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,3%, Капитални производи за 26,8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,8%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 98,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9%.

Прометот во индустријата во ноември 2015 година, во однос на октомври 2015 година, е намален за 4,1%, додека во периодот јануари – ноември 2015 година, во однос на периодот јануари – ноември 2014 година, е зголемен за 9,2%.