Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе биде промовирано еколошкото означување за туристичките сместувања. Претставници на хотелите Белведере, Гранит, Лебед и Фламенго од Охрид ќе презентираат како ги подготвиле барањата за добивање еколошка ознака.
Ова е завршен настан од проектот Воведување еколошко означени туристички услуги, што го спроведува Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) со финансиска поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.
На настанот ќе се обрати заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски.