Промоција на мултимедијалната публикација Модна индустрија – технологија и креативност

18

Мултимедијалната публикација Модна индустрија – технологија и креативност ќе биде промовирана денеска во Штип од страна на текстилно трговското здружение – Текстилен кластер.

Публикацијата ги опфаќа перспективите, кои ги нуди текстилната индустрија и индустријата за облека.

На настанот ќе присуствуваат текстилни компании, претставници на владини институции, професори и ученици од средните текстилни училишта.