Промоција на Програмата за регионален економски развој

14

Промотивен настан Поддршка на регионалниот економски развој: Регионален развој преку одржливи проекти на Програмата за регионален економски развој во Македонија, која се спроведува од страна на Германското друштво за меѓународна соработка, ќе се одржи денеска во Скопје, пишува Миа.

Главната цел на настанот е да се промовираат главните достигнувања на Програмата за регионален економски развој во Македонија, финансирани преку грант од страна на Делегацијата на ЕУ и поединечно да се презентираат резултатите и влијанието од Шемата за финансиска поддршка реализирана во соработка со советите и центрите за регионален развој во земјата.