Промоција во Вип: Двојно повеќе кредит за нови припејд корисници

26

vip-dual-sim

Телекомуникацискиот оператор Вип ја збогатува својата понуда и воведува промоција во припејд сегментот во мобилната телефонија со којашто корисниците добиваат двојно повеќе кредит и можност за целосна комуникација со своите сакани, стои во соопштението.

Со оваа најнова припејд промоција, новите припејд корисници добиваат едно пакување со две припејд СИМ картички и тоа за само 300 денари при што секоја од нив има вклучен кредит од 300 денари, наместо редовните 150 денари.

Дополнително, во првата недела од активирањето на картичките корисниците добиваат бесплатен неделен пакет со неограничени разговори и СМС пораки кон сите Вип корисници и 200MB интернет.

Промоцијата со двојно повеќе кредит важи за активираните СИМ картички заклучно до 15.12.2017 година. Кредитот може да се искористи во период од една година од моментот на активација.