Промоција во Вип: HBO пакет бесплатно цела година со Vip Комбо

32

vip-10-godini_kombo_436x237

Во годината на прославување на десет годишниот јубилеј од постењето на брендот, Вип најавува уште една промоција во рамки на Vip Комбо пакетите со нова поволност и можност корисниците да изберат согласно нивните потреби за комуникација и за забава, стои во соопштението.

Со новата понуда, корисниците можат да направат комбинација од мобилни и фиксни услуги во еден Vip Комбо пакет и да добијат: телевизија со најмногу HD канали, супер брз интернет, фиксна и мобилна телефонија и да добијат единствена можност да го гледаат HBO пакетот бесплатно, цела година.

HBO пакетот ги вклучува ТВ каналите HBO, HBO2 и HBO3, каде корисниците можат да ги гледаат најпопуларните светски ТВ серии и филмови додека Vip Комбо корисниците на кабелска технологија, покрај SD квалитет ќе можат да ги следат HBO каналите и во HD квалитет.

Понудата е достапна за сите нови и постојни корисници кои во промотивниот период ќе склучат договор на 24 месеци за било која Vip Комбо тарифа. По истекот на првите 12 месеци, за HBO пакетот ќе важи актуелната претплата од 249 денари месечно.

Дополнително, сите корисници кои ќе склучат договор за Vip Комбо преку кабелска технологија добиваат бесплатна интерактивна телевизија со којашто нема да пропуштат ниту момент од омилената серија или филм, а можат и да ја паузираат програмата, да гледаат емитувана програма од почеток, да снимаат ТВ програма во живо како и да гледаат ТВ програма до 50 ТВ канали, седум дена наназад и родителска заштита.

Сите нови активации на Vip Комбо добиваат интерактивна телевизија бесплатно. Постоечките корисници на Vip Комбо може да ја активираат интерактивната телевизија доколку на локацијата постои техничка можност, со еднократен надомест.

Со најновата промоција, Вип уште еднаш ја демонстрира својата посветеност кон стратегијата за обезбедување на квалитетни конвергентни комуникациски услуги со најдобра вредност за македонските граѓани.