Промотивен трансакциски пакет на Стопанска банка за мали и микро компании

22

stopanskaНајновата понуда на Стопанска банка АД – Скопје се однесува на работењето на микро и мали компании за кои банката воведе промотивен пакет со попусти кои се однесуваат на трансакции извршени во денарскиот безготовински платен промет преку трансакциска сметка во Банката, како и промотивни попусти на други производи поврзани со трансакциската сметка на соодветната компанија. Со новиот пакет се предвидува 50% попуст на провизиите од денарскиот безготовински платен промет (извршен преку шалтер), 50% попуст на провизијата за месечно одржување на сметка, 50% попуст на трошокот за токен за e-banking, ослободување од годишно членство за VISA Business за првата година за основната и дополнителните картички и Плата плус пакет со атрактивни попусти на каматните стапки и на другите провизии за кредитите за население, за менаџерскиот тим и вработените лица во вашата компанија кои земаат плата во СБ.

Промоцијата се применува за сите ново-отворени сметки и активирани сметки во периодот од 15.07.2013 до 30.09.2013 година. Важноста на попустите за денарскиот безготовински платен промет и трошокот за месечно одржување на сметка ќе се применува во период од максимум 6 месеци од отворање или активирање на сметката во банката, заклучно со 15.01.2014 г.

Истовремено, промотивните каматни стапки за кредитна линија – револвинг и инвестициски кредити во денари за кредитирање на микро и мали компании продолжува до 31.08.2013.
За сите дополнителни информации поврзани со производите, заинтересираните клиенти може да ги консултираат Советниците за мали бизниси и директорите во сите филијали на Банката.