Промотивна кампања за НЛБ Mastercard картичките за физички лица на НЛБ Банка

13

nlb-banka

 

НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за НЛБ Mastercard картичките за физички лица. Во рамки на кампањата за сите кои ќе аплицираат во промотивниот период од 01.12.2016 до 31.12.2016 година се нудат неколку поволности, соопштуваат од банката.

Без членарина за првата година на користење за сите клиенти кои во промотивниот период за прв пат ќе аплицираат за Mastercard картичките. Без членарина за следната година за сите нови и постојни корисници на Mastercard кредитни картички, кои во промотивниот период ќе направат најмалку 10 ПОС трансакции во земјата и странство.

Специјално новогодишно изненадување за сите корисници на НЛБ Mastercard картичките кои во промотивниот период ќе направат најмалку 10 ПОС трансакции (секоја поединечна трансакција на износ од минимум 1.000 денари) со сите Mastercard кредитни и дебитни картички.