Од денеска, па се до 15 јули ќе трае промотивниот период на НЛБ Банка за Visa кредитните картички за физички лица (Visa Classic и Visa Gold). Во соопштението од банката се вели дека промотивната кампања ќе ги опфаќа следните поволности:
- без членарина за првата година на користење за апликации за НЛБ Visa кредитните картички примени во промотивниот период
- бесплатна полиса за патничко осигурување од Сава осигурување АД Скопје за секоја нова НЛБ Visa кредитна картичка.
- без членарина за следната година на користење за постојни и нови корисници на НЛБ Visa кредитните картички кои во промотивниот период ќе направат најмалку 10 ПОС трансакции во земјата или странство.
Повеќе информации за промотивната кампања можат да се добијат на следниот линк, или во најблиската експозитура на Банката.
Фото: НЛБ Банка