Промовирана Европската парламентарна група заинтересирана за кредитни унии

44

IMG_0604

Европската парламентарна група заинтересирана за кредитни унии е промовирана во Европскиот парламент во Брисел. Кредитните унии се финансиски институции кои се залагаат да се минимизира финансиската исклученост во Европа.

Заменик претседателот на Европскиот парламент Ришард Царнецки од Полска и европратеникот Мариан харкин од Ирска се ко – претседатели на Европската парламентарна група заинтересирана за кредитни унии.

При промоцијата, пред европските пратеници и официјални претставници од Австрија, Финска, Република Ирска, Луксембург, Полска и Велика Британија и Постојаната мисија на Македонија во ЕУ, е презентирано како регулаторното оптоварување влијае на напорите на кредитните унии за промовирање на финансиско вклучување. Воедно е анализирана регулаторната средина што ќе привлече поголем број на финансиски институции да се ангажираат за финансиската вклученост на населението.

На промоцијата, Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на Штедилница ФУЛМ Скопје, ја презентираше улогата на ФУЛМ во поддршка на поголема финансиска вклученост на луѓето во Македонија.

На средбата во Европскиот парламент и лидерите на кредитните унии од Естонија, Велика Британија, Република Ирска, Република Македонија, Полска и Романија разговараа како кредитните унии играат важна улога во промовирање на финансиско вклучување на лицата со помали приходи, но и за обврските со кои се соочуваат при зголеменото регулаторно известување. Европските кредитни унии се многу помали од европските банки и стапуваат во помалку ризични финансиски активности, но се предмет на многу директиви на ЕУ и прописи наменети за банкарскиот сектор.

Организацијата на настанот беше реализирана од страна на Европската мрежа на кредитни унии (ENCU) и ја претставуваат финансиски институции од Велика Британија, Полска, Ирска, Естонија, Романија и Македонија.