Промовирана првата crowd-funding платформа во Македонија

52

unnamedМакедонците со добра бизнис идеја веќе од денес ќе можат да ги постават своите проекти на crowd-funding платформата и да очекуваат средства со кои ќе добијат шанса да ја реализираат својата замисла. Викендов, во саботата, официјално пред македонската јавност беше промовирана crowd-funding платформата која го носи името Let’s fund it, чија основна цел е да постави нова димензија на претприемништвото во Македонија и да ја поттикне јавноста да вложува во иновативни проекти поставени на платформата.

“Една од работите со која SWT Алумни Македонија се издвојува од остатокот на Алумни Организации е способноста директно да го промовираат претприемништво кај младите преку спроведените активности. Вашата идеја за започнување на crowd-funding платформа во Македонија целосно се вклопува во нашиот концепт за претприемништво”, изјави Робин Лернер, помош заменик државен секретар за образование и култура при Стејт Департментот во Вашингтон.
Претседавачот на Генералното Собрание на Стопанската Комора на Македонија, Антони Пешев, истакна дека без доволно знаење нема место во деловниот свет.
“Слушајте ги луѓето, таму е идејата за вашата следна иновација. Годините не се важни, најважна е желбата постојано да се учи. Бидете експерти на знаењето, не на дипломата”, додаде Пешев.
Let’sfundit.mk ќе дозволи објавување на проекти од следниве категории: Уметност, Стрипови, Земјоделство, Професионално танцување, Дизајн, Мода, Цивилно општество, Филм и видео, Храна, Игри, Музика, Издавачка дејност, Технологија, Tеатар, Start Up, Фотографија.
Дополнително следејќи го примерот на светските crowd-funding платформи, поддржувачите на проектите ќе добиваат награди во зависност од висината на средствата кои ќе ги вложат во проектот.
Со оваа прва платформа од ваков вид во земјата ќе раководи тимот на SWT Алумните од Македонија.