Дијамант со висок квалитет тежок 1.111 карати е пронајден во рудникот Каров во Боцвана. Скапоцениот камен е втор по големина во светот, пишува Mmegi.bw.
Најголемиот дијамант е прочуениот Cullinan којшто беше откриен во далечната 1905 во Јужна Африка.
Акциите во компанијата Lucara која што го поседува рудникот скокнаа за 34%, откако беше ископан овој скапоцен камен.
Боцвана е вториот најголем производител на дијаманти во светот, а според компанијата, ова е вториот по големина дијамант откриен во земјата.
Скапоценото парче ќе оди на проценка, но според експертите истото ќе биде прилично скапо. Крајната цена ќе зависи од процесот на сечење, од неговиот оптимален облик и финалната боја.