Пронајдено винско богатство во Грција

185

Над 4.000 стари шишиња вино и жестоки пијалаци со децении биле сокриени во поранешна летна палата на грчкото кралско семејство, пренесува Greek Reporter.

“Вината и жестоките пијалаци од палатата Татои, покрај огромната колекционерска вредност, имаат и големо научноистражувачко значење, проценката на колекцијата ја прават експерти што го познаваат виното и на ниво на енологија и на ниво на општа историја“, изјави грчката министерка за култура, Лина Мендони.

Во палатата Татои, поранешна летна резиденција на грчкото кралско семејство, пронајдени се повеќе од 4.000 вредни шишиња вино и жестоки пијалаци.

Меѓу ретките шишиња во оваа интересна колекција се вина со етикети од винарници како што се Chateau Margaux, Chateau de Vincennes и Chateau Monton Rotschild, како и керамичко шише виски Chivas од ограничена и многу вредна серија произведена по повод крунисување на британската кралица Елизабета Втора.

Дополнително, треба да бидат отворени уште стотина сандаци со пијалаци и се очекуваат нови и возбудливи пијалаци.

Фото: Pexels