Пропадна петгодишниот економски план на Северна Кореја

45

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун рекол дека неговиот петгодишен економски план не ги достигна своите цели “скоро во ниту еден сектор“, на отворање на конгресот на владејачката Работничка партија, јавува тамошната државна новинска агенција.

Реткото политичко собирање на коешто Ким последен пат беше домаќин во 2016 година привлече внимание од меѓународната јавност со оглед на тоа што се очекува Ким да го претстави новиот петгодишен план и целите за надворешна политика.

Петгодишната економска стратегија што Ким ја претстави во 2016 година не успеа да ги оствари своите цели, па повика на зајакнување на севернокорејската самостојност за да може да се носи со предизвиците што не дозволуваат напредок на земјата.

Фото: Freepik