Пропадна продажбата на мариборски Вечер

58

vecerПродажбата на 79,24% удел во мариборскиот весник Вечер, кој го продава друштвото Дело, пропадна затоа што купувачот не успеа да собере доволно средства. Неофицијално, купувач е претпријатието Медичи од Хамбург.

Дело ќе ги продолжи разговорите за продажба на Вечер со други потенцијални купувачи.

“Купувачот не успеа да собере доволно средства за купување на 79,24% удел во Вечер, со што не го исполни бараниот услов од договорот за продажба склучен на 26 февруари. Со тоа постапката за продажба со овој купувач е неуспешно завршена”, објави Пивоварна Лашко, сопственик на Дело, преку интернет страната на Љубљанска берза.