ProPilot Chair – столица што сама се движи додека чекате ред

23

stolceЈапонскиот производител на автомобили, Nissan, ја создаде ProPilot – столица што сама се движи, наменета за оние што чекаат во долги редици, пишува CNNTech. Таа е опремена со сензори коишто ѝ овозможуваат да ја следи столицата пред неа. Штом корисникот ќе заврши работа, празното седиште се враќа назад во редот и може да биде искористено од друг.

Според Николас Максфилд, претставник од компанијата, овој изум го користи истиот систем што моментално е вграден во мини комбето Serena. Столиците се еден начин пошироката јавност да се запознае со овој вид на технологија. Шест од нив се моментално во употреба во галеријата на Nissan во Јокохама, Јапонија. Тие ќе бидат претставени и во одбрани ресторани во земјата од следната година.

Ова не е прв пат Nissan да прави експерименти со паметни седишта, но сепак производителот ќе ја следи заинтересираноста на луѓето пред да продолжи со нивното развивање. Во февруари годинава, Nissan создаде канцелариски фотелји коишто со плескање на рацете сами се паркираа до бирото.