Просечен турист во Грција троши 67 евра дневно

27

greece-2769506_960_720

Фото: Pixabay

Просечен турист во Грција поминува 6,5 ноќи во земјата и дневно троши 67 евра, покажува новата студија за престој на туристите во првата половина од 2017 година изработена од страна на Грчкиот туристички институт (INSETE).

Истражувањето покажа дека просечните приходи по посета изнесуваат 435 евра и се за 1% поголеми во споредба со истиот период лани. Исто така, забележано е и зголемување од 1,9% во трошењето за една вечер, додека просечната должина на престојот е намалена за 0,9% во однос на претходната година, пишува Ekathimerini.

Дури 87,7% од туристите ги посетиле следните шест регионални единици: Атика (1,97 милиони посетители), Централна Македонија (1,95 милиони), Јужен Егеј (1,50 милиони), Крит (1,37 милиони), Јонските острови (597.000) и Источна Македонија и Тракија (519.000).

Останатите 1,11 милиони посети во првата половина на годината се во другите седум регионални единици на земјата: Епир, Пелопонез, Западна Грција, Тесалија, континентална Грција, Западна Македонија и северен Егеј.