Просечна цена на пченицата од осум до 8,50 денари

30

Цената на пченицата, во зависност од квалитетот се движи од шест до 9,50 денари, односно просечната е од осум до 8,50 денари, јавува Миа.

Според претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев, дел од земјоделците се задоволни, а дел не се, додека според претседателот на Сојузот на земјоделците на Македонија Вељо Тантаров, мелничарите купија исклучително евтина пченица поради што треба да ја намалат цената на брашното и лебот.

Годинава се очекуваат 3.850 килограми по хектар пченица. Првата мерка од државата за поддршка на земјоделците се дополнителни 6.000 денари за хектар, додека втората мерка е складирање на вишокот лебно жито во силосите во Прилеп и Жито Вардар со 80% државна поддршка.