Просечна месечна нето-плата во април изнесува 20.983 денари

22

6781945CF38D2F44A0800706407699A9Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2013 година, во однос на април 2012 година, изнесува 101.2, објави денес Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво 5,4%, Рударство и вадење на камен 5,4% и Преработувачка индустрија 4,8%.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации 30,9%, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината 4,2% и Дејности во врска со недвижен имот 3,0%.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2013, изнесува 20.983 денари.

Во април 2013 година, 1,7% од вработените во Република Македонија не примиле плата.