Просечна нето плата во Србија е 825 евра

Просечната плата (бруто) пресметана за април 2024 година изнесува 133.356 динари (1,139 евра), додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесува 96.614 динари, (825 евра)покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика за април 2024 година.

Растот на бруто-заработката во периодот јануари-април 2024 година во однос на истиот период лани номинално изнесува 15,1%, односно реално 9,1%, додека просечната нето-плата номинално е повисока за 15,0%, односно реална за 9,0%.

Во однос на истиот месец од претходната година, просечната бруто и нето заработка за април 2024 година номинално се повисоки за 15,3%, а реално за 9,8%.