Просечната нето плата во по вработен во март во Хрватска изнесуваше 950 евра, што на годишно ниво е раст од 6,3%, а реално за 5%, покажуваат официјалните податоци.
Во однос на февруари оваа година, просечната нето плата во март била номинално повисока за 1,4%, а реално за 0,3%, пренесува агенцијата Хина.
Највисоката просечна месечна нето плата во март е исплатена во информатичкиот сектор, во износ од 1.762 евра, додека најниската е во производство на облека во износ од 584 евра.
Медијалната нето плата во март била 799 евра, што значи декa половина од вработените земаат повисока, а другата половина пониска од таа плата.
Фото: Pexels











