Просечна плата во Србија е 803 евра

15

Просечната плата (бруто) пресметана за февруари 2024 година изнесува 129.934 динари 1108.86 евра, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесува 94.125 динари (803.27 евра).

Растот на бруто-платите во периодот јануари-февруари 2024 година во однос на истиот период лани, номинално изнесува 15,8 отсто, односно реално 9,2 отсто, додека просечната нето-плата номинално е повисока за 15,7 отсто, односно 9,2 отсто реално.

Во однос на истиот месец од претходната година, просечната бруто-плата за февруари 2024 година е номинално повисока за 15,8 отсто, а реално за 9,7 отсто, додека просечната нето-плата е номинално повисока за 15,7 отсто, а реално за 9,6 отсто.

Просечната нето заработка за февруари 2024 година изнесува 72.956 динари, што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до наведената сума.