Просечната бруто плата во февруари е 31.126 денари

19

inspektor raka

Просечната месечна исплатена бруто плата по вработен во февруари изнесува 31.126 денари, додека нето износот е 21.104 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Индексот на просечната месечна исплатена бруто плата по вработен, во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, изнесува 101,5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (9,2%), Дејности на здравствена и социјална заштита (6,4%) и Уметност, забава и рекреација (4,6%).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (9,7%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (7,3%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (7,3%).

Во февруари 2015 година, 1,5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.