Просечната бруто плата во јануари е 32.051 денари

74

denari iljadarki

Просечната месечна исплатена бруто плата по вработен во јануари 2015 изнесува 32.051 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто платата во јануари, во однос на истиот период претходната година, бележи пораст од 2,6%.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто плата по
вработен во секторите: Други услужни дејности за 8,3%, Уметност, забава и рекреација за 7,8% и Дејности на здравствена и социјална заштита за 6,4%.

Намалување на просечната месечна исплатена бруто плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 14,9%, Земјоделство, шумарство и рибарство за 7,6% и Преработувачка индустрија за 6,9%.

Во јануари 2015 година, 1,3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.