Просечната бруто плата во март е 31.455 денари

47

denari iljadarki

Просечната месечна исплатена бруто плата по вработен во март 2015 изнесува 31.455 денари, додека нето износот е 21.402 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена бруто плата во март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 2,3%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто плата по
вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (9%), Други услужни дејности (7,3%) и Финансиски
дејности и дејности на осигурување (6,3%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (15,1%), Земјоделство, шумарство и рибарство (6,6%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4,9%).

Во март 2015 година, 1,1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.