Просечната исплатена нето плата во февруари е 24.192 денари

24

Фото: Pixabay

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во февруари 2019 година, изнесува 24.192 денари, додека во бруто износ е 35.901 денар, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2019 година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 4,5%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (11,6%), Транспорт и складирање (10%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (8,5%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (10,3%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (10%) и Транспорт и складирање (6%).