Просечната исплатена нето плата во јануари е 22.750 денари

27

evra-noz-i-viluska-pixabay

Фото: Pixabay

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во јануари оваа година, изнесува 22.750 денари, додека во бруто износ е 33.441 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемена за 2,2%.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (9,4%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4,6%) и Рударство и вадење на камен (4,2%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (32,2%), Информации и комуникации (13%) и Градежништво (11,7%).

Во јануари 2017 година, 1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.