Просечната исплатена нето плата во септември е 22.191 денари

2

denari1

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во септември оваа година, изнесува 22.191 денари, додека во бруто износ е 32.640 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во септември оваа година во однос на истиот период лани, е зголемена за 0,8%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (8,7%), Земјоделство, шумарство и рибарство (7,2%) и Информации и комуникации (6%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (3,4%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (2,7%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2,4%).