Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, изнесува 100.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (27,2%), Градежништво (10,3%) и Стручни, научни и технички дејности (9,6%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (3,9%) Информации и комуникации (3,8%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,8%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2014, изнесува 21.233 денари.
Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, изнесува 100.3.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (21,2%), Градежништво (9,6%) и Стручни, научни и технички дејности (7,9%).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (4,2%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (3,7%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,6%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2014 изнесува 31.061 денари.
Во јуни 2014 година, 1,5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Почетна Новости Македонија Просечната месечна исплатена нето – плата по вработен во јуни изнесува 21.233...