Просечната нето-плата во август пораснаа за 234 денари во споредба со јули

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната месечна исплатена нето-плата по вработен за август 2026 година изнесуваше 48.733 денари. Ова претставува зголемување за 234 денари во споредба со претходниот месец јули, кога просечната нето-плата изнесуваше 48.499 денари (месец во кој бележеше минимален раст од само 118 денари во однос на јуни).

Во август 2026 година, во однос на август 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.6 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11.9 %, Административни и помошни услужни дејности за 10.7 % и Преработувачка индустрија за 9.0 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5.4 %, Уметност, забава и рекреација за 5.0 % и Административни и помошни услужни дејности за 4.2 %.

  • Нето-платата во август 2026 година изнесуваше 48 .733 денари
  • Во август 2026 година во однос на август 2025 година е повисока за 7.6 %
    Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2026 година изнесуваше 73. 336 денари.

    Во август 2026 година, во однос на август 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 7.6 %.

    Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 12.1 %, Административни и помошни услужни дејности за 10.8 % и Преработувачка индустрија за 9.1 %.

    Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5.5 %, Уметност, забава и рекреација за 5.3 % и Административни и помошни услужни дејности за 4.3 %.