Просечната нето плата во Хрватска достигна 1.552 евра – Во кој сектор се заработува најмногу?

Просечната месечна нето плата во Хрватска за мај изнесуваше 1.552 евра, што е номинално исто, но реално е за 0,3 проценти повисоко во споредба со април, објави денес Хрватскиот државен завод за статистика (ДЗС).

На годишно ниво, просечната хрватска нето плата е номинално повисока за седум проценти, а реално за 1,7 проценти, во споредба со мај 2025 година.

Највисоката просечна месечна нето плата по вработен за мај 2026 година е исплатена во категоријата воздушен превоз и изнесува 2.364 евра.

Според извештајот на ДЗС, медијалната нето плата за мај изнесувала 1.324 евра, што значи дека половина од вработените имале помалку, а половина повеќе од таа сума. Во споредба со април годинава, просечната плата во мај била повисока за 0,4 проценти, а во споредба со мај минатата година за 7,1 процент.