Просечната нето – плата во јуни изнесува 22.187 денари

22

pari

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето – плата по вработен, во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, изнесува 100.7.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (10,6%), Административни и помошни услужни дејности (6,3%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (6,3%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето – плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4,4%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,7%) и Стручни, научни и технички дејности (3,4%).

Просечната месечна исплатена нето – плата по вработен, во јуни 2016, изнесува 22.187 денари.

Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, изнесува 101.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто – плата по вработен во секторите: Градежништво (11,0%), Земјоделство, шумарство и рибарство (6,5%) и Информации и комуникации (5,9%).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,9%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,6%) и Уметност, забава и рекреација (3,0%).

Просечната месечна исплатена бруто – плата по вработен, во јуни 2016, изнесува 32.637 денари.

Во јуни 2016 година, 1,6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.