Просечната нето плата во мај е 22.071 денари

25

denari iljadarki

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во мај оваа година, изнесува 22.071 денари, додека во бруто износ е 32.393 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата во мај оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 2,7%.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација за 15,8%, Други услужни дејности за 7,5% и Дејности на здравствена и социјална заштита за 5%.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 6,1%, Уметност, забава и рекреација за 5,4% и Информации и комуникации за 5%.

Во мај 2015 година, 1,6% од вработените во Република Македонија не добиле плата.