Просечната нето плата во март беше 24.590 денари

17

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во март 2019, изнесува 24.590 денари, додека во бруто износ е 36.476 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во март 2019 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 3,8%. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (11,4%), Земјоделство, шумарство и рибарство (8,2%) и Транспорт и складирање (7,8%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (9,5%), Информации и комуникации (8,5%) и Рударство и вадење на камен (6%).