Просечната нето плата во ноември изнесува 22.380 денари

19

plata-zemanje

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во ноември оваа година изнесува 22.380 денари, додека во бруто износ е 32.877 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, е зголемена за 1,8%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (10,5%), Уметност, забава и рекреација (8%) и Градежништво (7,3%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5,1 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3,8%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (3,2%).

Во ноември 2016 година, 1,4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.