Просечната нето плата во октомври е 22.460 денари

14

denari-1

Просечната месечна исплатена нето плата во октомври изнесува 22.460 денари, додека во бруто износ е 33.023 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 1,1%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Градежништво (6,5%), Административни и помошни услужни дејности (5,8%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5,7%).Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Административни и помошни услужни дејности (4,5%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,2%) и Рударство и вадење на камен (3,6%).

Во октомври 2016 година, 1,1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.