Просечната нето плата во септември е 22.024 денари

20

denari iljadarki

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во септември 2015, изнесува 22.024 денари, додека во бруто износ е 32.307 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Индексот на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, изнесува 103,5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (54,7%), Други услужни дејности (27,3%) и Административни и помошни услужни дејности (8,4%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (38,2%), Други услужни дејности (18,9%) и Преработувачка индустрија (1,3%).