Просечната плата во февруари во Хрватска изнесува 1.248 евра

24

Во Хрватска просечната нето плата исплатена во февруари годинава  е 1.248 евра. Номиналниот износ на февруарската плата е повисок за 12,8 отсто, а реално за 8,4 отсто во однос на истиот месец лани, објави  Државниот завод за статистика.

Медијалната нето плата изнесувала 1.044  евра, а под оваа граница се половина вработени во Хрватска. Највисоката просечна месечна нето плата е исплатена во производството на основни фармацевтски производи во износ од 2.823 евра, а најниска во производството на облека со 827 евра.

Медијалната нето плата за февруари е помала од просечната нето плата за 204 евра, а тоа значи дека повеќето вработени лица во Хрватска имале плата под просекот.

Во Хрватска на крајот на март годинава биле вработени 1,64 милиони лица, што е повеќе за 0,7 отсто од февруари годинава. Стапката на невработеност изнесувала 6,2 отсто, објави агенцијата „Хина“.